Ги има и постари, ги има и млади, одат од група до група, од човек до човек, се поздравуваат зборуваат на некој изменет македонски јазик, употребуваат и некои непознати зборови, штракаат со своите фотоапарати, други ловат со филмски камери сѐ што се случува, за да кажуваат таму, преку големите води како се живее и како се празнува во нивниот стар крај.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој уште не видел како ја празнуваат во градот, но доста беше што го слушаше од другите деца да си ја замислува во сета нејзина радосна необичност.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)