праша (гл.) - како (прил.)

Го праша како е со здравјето, како си помина на туѓина и којзнае уште колку прашања ќе му поставеше да не стаса кафето и да не го ѓибнеше на најосетливата жица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не поднесуваат убава песна. Од кај е тоа, прашав како?
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Кога неговата животна сопатничка, познатата писателка Симон де Бовоар (Simone de Bauvoire) телефонирала во болницата неколку часови по земањето на дрогата и прашала како се „забавува“ Сартр, тој ѝ одговорил дека штотуку води загубена битка со дијаболична риба и дека има многу непријатни доживувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се чини, типчето веднаш сфати во што е поентата, се разбира дека имав мобилен и штосот со фиксниот значеше дека ако е фаца од естрадата може барем да биде џентлмен и пред да ми го побара бројот, барем да ме праша како се викам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Пријателот се изнасмеа кога го праша како му оди.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со стиснати усни прашав како можам да го сторам тоа и да ги ослободам децата рудари.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Знам само дека некој ме праша како се вика татко ми, јас му реков Тимјан и после чув: Небеска Тимјановна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој се смее. На некој чуден начин ме успокојува кога седам со него на клупата пред црквата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тешко ми е да го завртам неговиот телефонски број. Како да го прашам к-како си? Тоа не е сообраќајка! Тоа не минува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
АНДРЕЈА: Што има лошо што прашав како си? СИМОН: Знаеш ти. АНДРЕЈА: Не знам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Поарно е малку да се отспие и да биде човек трезен кога е буден. (Пауза.) Ја сретнав Лиле. Праша како си и те поздрави. СТЕВО: Не ми е гајле.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Зошто не го побараш тој твој брат Сафет и не го прашаш како нѐ стрелаше од пусија“ и самиот во гнев пелтечеше Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над него се наведнале две сенки. Го прашале како му е. Им одговорил со офкање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаеле, на обесвестениот видовник очите му биле мртви а кон обете слепоочници му се леела крв, зла како што рекле пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш виде. „Тој прстен“, запелтечи гневно. „Тој прстен на твојата рака.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На едно поминување крај него Вангел Русјаков сакаше да го праша како е со здравјето, ама наместо тоа од уста му излета Денеска како да ти е празно шишето, а?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Генералот ми се доближи и, откако ме праша како се викам и како сум, ми рече: - Вие сте татко на многу храбар син.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На која врата да тропнам? Им кажувам на луѓето кои ме прашуваат како изгледаше куќата и како изгледаа стопаните.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја поздравивме сите во еден глас, кога наближивме и мама ни рече - Добровечер - и нѐ праша како сме поминале на роденденот кај Драган.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Прашај како ми е мене? Прашајте ме, има ли некој да ме праша мене?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И да го праша како му е таму, да не му се нозете во длабока вода. Од солзите мои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)