Го држеше челото на влажната трева и чувствуваше болка во очите, сува болка распрсната однатре. „Колку години имаш?“ ја праша додека земјината влага се впиваше во него и го гаснеше. „Осумнаесет“, му рече без злорадост и без виновност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Каде сакаш да одиме? - ме праша додека сè уште кружевме околу горните катови на зградите од нашата населба.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Бреза праша додека пакуваа: - Да не останете и вие таму засекогаш, како што тоа го сторил мажот ѝ на тетка Фанија кога се спакувал за да си замине од дома и да живее кај мајка му?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Можев да го прашам додека одевме накај дома, но сега е доцна.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И ги пикна дланките под плешките, ја потфати за рамениците и повлекувајќи ја надолу, кон себе и, влечејќи се со целото тело кон нејзиното лице, ја праша додека така цврсто ја држеше целта во дланките: „Сигурна си дека ништо не се случи? Кажи ми!...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Друг ја испрати.“ „Кој е тој друг?“ мирно праша додека ја наслушуваше рамномерноста на својот механизам. „Не го познаваме“, му рекоа. „Личи на палјачо и има апашки очи.“ Ја најде со цвеќе в раце и предавнички пламен во очите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Бабо, - ја прашав додека ручавме, - може ли од голема нервоза да се умре?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Го допре тилот врз меката црна кожа на потпирот на столот и ги симна очилата вадејќи од џеб парче еленска кожа. „Па?“ праша додека ја бришеше замагленоста на стаклата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)