прашува (гл.) - тебе (зам.)

Ете, те прашувам тебе што си постар од мене и што си видел повеќе во светот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас те прашувам тебе дали можеш да направиш ем да ми расте косава, ем да не ми биде долга.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ете, јас, сакатиот Нумо, кому и јазикот сакаат да му го откорнат затоа што вака прашуваше, те прашувам тебе, што си постар и што си видел повеќе од мене, ама не си го видел Грамос, не си го видел Вичо, не си ги видел сакатите девојки и момчиња и не си се запрашал како ќе го поведат орото свадбарско...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Момчето што седеше покрај мене се поднамести и, шепотејќи, пак рече: - И и и, мајќата!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А зошто, бре, неранимајко, - трас - се слушна шлаканица и пцост - те прашувам тебе, никаквецу, си ги замрзнал децава, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)