„Кошер ли е виното, Моше?“ - го прашуваше мајка ѝ, поставувајќи го садот со слаткото пред него, а тој насмевнато потврдуваше со глава и ги вадеше новите костуми што деновите пред празникот ги шиеше за момчињата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Шо се случи?“ прашуваше мајка Ленче по пат накај дома.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Веста стигна и до нашето семејство. – Каков попис сега, пустината, па не заврши ли пописот есеноска? – се прашуваше мајка ми гласно оставајќи го плеталото крај себе, на чардакот, седната до татко ми кој прелистуваше некаква стара книга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Беше дојден и лекар. Тој ја прашуваше мајка му: - Како ти се случило тоа?
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
“Тука ли е Ване?“ - слуша како ја прашува мајка му. “Тука е но лежи болен. Има грип. Подобро е да не влегуваш зошто и тебе ќе те префати!“ Вратата тропнува, се затвора.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)