Ти иде за смеење, а тој те прашува што е смешно.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нѐ гледа, и како да прашува што чекаме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Единствен проблем се чини е тоа дека како резултат на добрите и мудри расудувања Иван се најде в затвор? - ме свести суровиот заклучок на Даскалов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Даскалов очигледно не беше спремен да ги прифати ваквите мои размислувања.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И најпосле ќе се прашуваш што бараат тие луѓе во нашава планина, што ќе лекува тој доктур, што ќе мери тој инжилер?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Фатен е во дворот на Ѓурчин. Каков прекршок е тоа?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Еве, и јас се прашувам што ќе се случело?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)