Таму, вкопан во дупка, со колената до вилиците и со лактите над ушите, ги слушаше цела ноќ и цел ден како го бараат, како ја пребаруваат секоја џбунка и секоја копа сено бодејќи ги напрчените бајонети.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се правеа потери: се опколуваа и пребаруваа сите места во селото и околу него, се правеа проверки и во другите села, упаѓаа џандарите ненадејно во куќите, плевните, кошарите, бачилата, пештерите, се пребаруваше секое делче каде што се претпоставуваше дека Анко се крие, но безуспешно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)