И го извадил мечот, јурнал, и гусар и борец, замавнал со мечот кон китот и се превртел в море.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Без да ги отвори очите, таа се преврте во креветот и се намести поудобно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Брзо се преврте во креветот, грабна еден чевел од подот и го фрли во аголот со машки замав на раката, исто онака како што ја виде она утро како го фрла речникот по Голдштајн, за време на Двете минути омраза.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јас вистински си ги држам гениталиите во дланката, но како да сум ги заборавил, кој знае од кога не сум ги префатил и превртел во дланката.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
• Превртување. Јас го мразам него е превртено во: тој ме мрази мене.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Тина, ајде да седниме на една клупа... Тине, се сеќаваш кога ти кажвав некни за онаја кочијата шо се преврти во сокачето кај бакало кога бев по леб?
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
За тоа време со помош на една програмирана направа спијачот после точно одредени дози на RЕМ (се користат фотички и/или електрични надразби) се буди за да извести за своето искуство. (...) Будните имаат еден и заеднички свет, а секој поединечно од оние што спијат се превртува во својот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мултимедиската база на податоци која се состои од обрасци на мозочни бранови ги снима со помош на дигитализиран ЕЕG и компјутер RЕМ фазите на сонот и создава одредено физиолошко јадро 28 okno.mk на податоците.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Стариот железничар ја слушаше ноќе како се превртува во постелата - како се бори со лошите мисли.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Дотогашната љубезност таа за миг ја преврте во суровост. Почна бесмилосно да ја мачи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Дино отиде да гледа телевизија и ме викна и мене да седам со него, но многу ми се лошеше од месото што почна да ми се превртува во желудникот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Ако де, пробај, - ми рече повторно Дино и ми намигна низ насмевка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)