преврти (гл.) - и (сврз.)

Компјутерот се преврте и започна да стенка. Безуспешно откорнував кабел. „Просечен стандард“ – мелеше кутијата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Некаде во комплексноста на неговото битие броилото се превртело и нејасна магливост беше паднала врз неговиот вид.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Почна да ги врли очите уште повеќе и одеднаш како што го држеше шишето дополу со вода, го преврте и го истури.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сите куќи ги превртевме и го нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Песочникот го преврти и деновите почнаа повторно.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се скршија неколку чаши што паднаа од кујнската маса; сликите закачени на ѕидовите висеа искривено; малата витрина беше изместена на средина од дневната соба и сите украси во неа беа превртени и стоеја на куп.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Потоа се преврте и се поткрена на рацете и на колениците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)