Подемот на насловниот лик, преку напорна работа, саможртва и безљубовен втор брак, до богатство, гламур и висока општествена положба – заедно со придружните фрустрации, разочараност, расипување и виктимизација — се сведува на една мошне конзервативна, морализаторска приказна, а сексуалната политика на филмот е идентично ретроградна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ворнер брадерс, всушност, ја одложиле премиерата на филмот до 25 октомври, 1945 година, повеќе од два месеца по капитулацијата на Јапонија за да ја засилат историската релевантност на приказната за историскиот миг.267
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако Милдред Пирс ја скокотка публиката со грешната глетка на женската сила, автономија, пргавост и моќ – дури и со извесна женска мажественост – тој тоа го прави под услов Милдред на крајот да си ја предаде самостојноста и да се врати во положба на домаќинска и сексуална подреденост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)