Ги копкаше само големиот запечатен плик за кој им рекоа да го чуваат како очите и негибнат да го предадат во единицата каде што требаше да се јават.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Беше полна со застарени сфаќања кои ѝ беа предадени во наследство.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Кој е афродизијакот против осаменоста? – прашува колегата, и натаму наведнат над масата, над формуларите што мораат да се исполнат и предадат во определен рок.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
ОСУМТЕ ДРУГАРКИ::(Пеат) Девојко, мори девојко, зошто се бргу предаде во јунакова родбина?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Од татко ќе те одделат, од мајка ќе те одделат и сета мила родбина. (Песната стивнува).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
На Евангелидис му рекол дека “стоката“ е на Организацијата, дека Орце и неговите другари се луѓе на Организацијата и според тоа било потребно динамитот, штом ќе го извлече од царинарницата, да го предаде во Деде-Агач на лице посочено од него, од Гарванов.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И кога се предадоа во Пешта, аџијата се распраша за имињата и разбра дека Трајко Сирмев и е татко на Анѓа, а свекор на другата фатена жена – Сирма, што беше мажена за Јована Сирмев.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Произлезе дека автомобилот му го реквирираат за воени потреби и дека треба да го предаде во Штабот на 23 Пешачки полк најдоцна на 7 април до дест часот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„А зошто не пишува“ прашува татко ти „во каква состојба треба да се предаде“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Покрај тоа, еден многу краток тестамент со кој јас бев определен за наследник.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Го прегази камион со три приколки сред градскиот метеж и за негова среќа го кренал некој чесен човек, го предал в полиција и ѝ јавил на фамилијата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Посакувавме новиот ветер на слободата, на отворањето на земјата, силно да дувне, да го понесе нашето писмо на некој облак, да го земе некаков добар ангел, да го однесе во Италија, во земјата во која Мајка некогаш беше среќна и да го предаде во стоковната куќа на Ла Ринашенте.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)