Неговата вредност прилично јасно се разбирала во времето на создавањето на филмот; најпосле, некој го осмислил кадарот и го поставил многу грижливо и обмислено – претпоставуваме за да го пренесе конкретниот ефект што сѐ уште го предизвикува толку силно, што да ти подзастане срцето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во случајот со секвенцијава од Милдред Пирс, она што би ни требало за да ја завршиме анализата, да ја конкретизираме точната вредност на секој стилистички елемент посебно во контекстот на неговиот систем, е длабоко техничко познавање на продукциските вредности и работни начела на поединците што го направиле кадарот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
“383
Значи, стилот може да се анализира: може да се натера да проговори, да каже нешто со сопствени поими – може да се натера да не упатува на нешто друго, туку да каже нешто што самиот тој го значи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто така, токму тоа е причината поради која геј-културата предизвикува толкав срам и поради која нејзината упорност предизвикува толку одрекување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нејзиното вклучување многу говори за Кушнер и за неговите преокупации со историската драма или мелодрама, но не говори многу за вообичаената геј-дефиниција на фабулозноста.239 Сепак, она што исказот на Кушнер го открива и го нагласува е темелниот судир во машкиот геј-субјективитет помеѓу културата и еротичноста.
Токму затоа што машките геј-културни практики се штетни за машките геј-сексуални практики, затоа што толку ја спласнуваат сексуалната возбуда, геј-културата (пеењето фалсет, бродвејските мјузикли, модата и дизајнот) побудува толку силна одбивност кај геј-мажите што сакаат да си мислат дека се сексуални субјекти – дури и кога тие геј-мажи и самите се творци и потрошувачи на геј-културата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Заправо, токму затоа што привлечноста на бродвејскиот мјузикл е вкоренета во емоционалните премрежиња на претстоунволското геј-детство, афектите поврзани со него денес предизвикуваат толку многу возрасна посраменост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Знаеле луѓето што прават.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)