предомисли (гл.) - и (сврз.)

Возачот, изваден од памет, најпрвин се двоумеше дали да кочи, убеден дека таа ќе се предомисли и ќе се тргне.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Доколку се предомислите и не можете да си го одземете животот, викнете некој од затворските службеници или озлогласените цимери да ви помогнат и да ви ја држат главата во вода неколку минути и самоубиството ќе биде благовремено извршено.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Единствен долномаалец што се предомисли и ѝ пријде на Бузовата дружина е Марко.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Можеше да биде испарена, можеше да изврши самоубиство, можеше да биде префрлена на другиот крај од Океанија: најлоша и најверојатна од сите можности беше дека едноставно се предомислила и решила да го одбегнува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еднаш ги рашири крилцата, како да сакаше да подрипне и да се спушти на снегот, но се предомисли и си остана на гранчето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)