Тој никогаш не губеше време за релативизирање или пак за рушење на холивудските митови (во митологијата на американскиот филм, не постои вредност која не е успешно пародирана), и од неговите изјави, и уште попрво, од неговиот однос кон протагонистите, можеме да го видиме респектот кон холивудската традиција, особено кон системот на ѕвездите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Често користената тематика на сензационалното, несекојдневното, граничното, бизарното кај него е презентирана без никаков обид за морализаторство, па дури и став; режиски, јунаците се прифатени такви какви што се, без интервенција и интерпретација од страна на авторот (звучен и доцен период). okno.mk | Margina #15-16 [1995] 95
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)