Додека идеологиите им го прекинуваат патот на луѓето, браните се закануваат на патот на јагулите, а според тоа и на циклусот на животот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Не беше насекаде прекинат патот на јагулите...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ако Татко, можеше да ја разбере градбата на хидроцентралите на реката во родната земја Албанија, каде сè уште царуваше сталинизмот, не можеше да разбере зошто во земјата, која се ослободи од Сталин и се отвори кон светот, на толку жесток начин беше прекинат патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Коментирајќи го гласно кажувањето на Игора Лозински за апотеозата на сталинизмот, повеќе за себе, но сепак чујно за другите, рече: - Ако биде прекинат патот на јагулите, тогаш тоа ќе биде знак дека и овде зацарила Империјата на сталинизмот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)