Но тој не сакаше да го прекинува својот пријател, кој немаше пред кого да ја искажува својата радост понесен од своите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но не сакаше по никоја цена да го прекинува својот пријател да говори за неговата успешна мисија во Париз: Не е за верување, ама штотуку стапнав на улицата Monsieur le Prince, за која многупати ти зборував, се најдов, пред книжарницата за Источна литература основана од славниот Ерменец Хрант Самуелиан, уште од 1931 година, а сега водена од синот Армен и ќерката Алис.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Доаѓајќи до пасусот „сѐ уште во мене летото не бледнее“, Рада го прекина својот љубен.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ако ја прекинете својата работа, мислам откако ја извршите, тогаш таа работа станува и останува работа за себе.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
“Да ти е. . . скопскиот дух”, промрчи градскиот шут и ја повлече со себе во задимената и затемнета просторија каде другите ја прекинаа својата партија покер и ги насочија кон нив своите полузамижени и никако љубопитни очи.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Бидејќи Петре тука го прекина своето зборување и не продолжуваше, дедо ми го праша: - Ама што зборуваш ти?
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Слушај! вреваџијата ја прекина својата песна и се сврте кон згрчениот сосед. - Земи и ти една. Те честам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)