Недостигот на културата на индивидуалноста, патријархалниот монопол врз зборовите на племето, создаваа притеснетост да се пишува само за да се пренесуваат некакви чувства.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Не се устремуват кон влезот, полека запираат среде двор, или не запираат, туку само побавно чекорат, ја опфаќаат црквата со очите, устите не ги вражат, само дланките што ја држат за рачињата како да се претвораат во усти и тие ѝ пренесуваат некакви сигнали, нешто како зборови што прв ги слуша и не ги разбира.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)