По судирот во Цапари, двајца коњаници истрчале во Битола да ја пренесат веста за “востанието“ во селото.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Притоа располагам и со оној неодминлив факт, дека исчезнувањето на братучедот Благоја беше обична заблуда. Една погрешно пренесена вест.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со молневита брзина се пренесе веста дека каурите од Мариово го нападнале кадилакот, и од сите страни се стече кон него сѐ што беше Турчин во градот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А потоа, уште таму, на брегот на Црното море се пренесе веста за вашето херојство во одбрана на отстапницата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Некои весници, како „Le Temps“ и „Die Zeit“, пренеле вест според која Македонската револуционерна организација планирала да нападне разни европски претпријатија во некои поголеми македонски градови.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)