Работодавачот може да одлучи да не пренесе информации или да се консултира со работниците кога врз основа на „објективни критериуми“ сериозно би се нарушило или би го довело во прашање функционирањето на работодавачот (чл. 14 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
На овој процес 11 лица биле осудени на смрт поради нивната комунистичка активност, а 18 други на временски казни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Капитулацијата на Бугарија отворила нова страница во известувањата на американскиот печат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, на 21 септември 1944 година "Њујорк тајмс" ја пренел информацијата преземена од британски извори дека "силите на маршал Тито го зазеле градот Манастир (Битола) во југозападна Југославија, во близината на грчко-албанската граница".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Според него, „овие два сојуза би претставувале мост на хармонија меѓу Русија и Западна Европа и мировни авении сосема различни од вештачки формираните држави, оформени од големите сили во текот на војните.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Информацијата недвосмислено покажува дека дописникот на „Вашингтон пост“ добро бил запознаен со историјата на македонскиот народ, бидејќи тој во текстот ги двои Македонците од Србите, како народ со посебна национална припадност, што го потврдува и информацијата од 25 март 1941 година во истиот весник, дека демонстрациите во Македонија може да „предизвикаат незгоди меѓу Македонците и Србите“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На 9 јули 1944 година била пренесена информацијата од весникот „Њујорк тајмс“ во која министерот за внатрешни работи при Југословенската влада во емиграција Сава Косановиќ, во едно интервју истакнал дека „повоената демократска југословенска федерација ќе ја вклучи Бугарија и таа ќе се протега од Трст до Варна и балканска конфедерација, која исто така би ги опфатила несловенските држави, Романија, Грција и Албанија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На 24 јули 1942 година „Њујорк тајмс“ ја пренесува информацијата за судскиот процес одржан во Битола на 20 јули 1942 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, на 25 март 1941 година, во весникот „Сан Франциско хроникал“, била пренесена информацијата за демонстрациите во Битола, каде што демонстрантите барале да ѝ се приклучат на грчката армија во војната против италијанските фашистички агресори и дека во „Скопје и Цетиње, два силни комунистички центри, илјадници само ги повторија, со поголема жестина, демонстрациите од вчера“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, на 27 март 1941 година и „Њујорк тајмс“ се осврнал на демонстрациите во Скопје, при што демонстрантите се собрале на „главниот плоштад и пред седиштето на Банската управа“ извикувале пароли со кои се барало Владата да поднесе оставка.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На 14 септември „Њујорк тајмс“ повторно ја пренел информацијата, преземена од „Слободна Југославија“, за ослободувањето на Кавадарци.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На 24 март 1941 година "Вашингтон пост" ја пренел информацијата за започнатите демонстрации во Македонија, каде што, како што се истакнало, "неколку илјади Јужни Срби и Македонци демонстрирале во Скопје, пеејќи македонски револуционерни песни и извикувајќи српски и македонски пароли".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Внатре нашите тела ние имаме јадро во кое информацијата се стекнува, складира и процесира; функцијата на тоа јадро е да ја пренесе информацијата до библиотеката.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Овие јазли задржуваат, обработуваат и пренесуваат информација но самите по себе тие не се ништо: ако ги одјазлиме (ги разврземе релационите жици од кои тие се формирани) нема да остане ништо - исто како во случајот со кромидот од поговорките.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)