Но еве таа ја врти главата и го пренесува својот поглед и својата усмевка на мене, ме опфаќа сиот да не знам просто што да правам дури се слизга тој поглед по мојата скромна појава.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но неочекувано сфати дека во целиот свет постои само една личност на која тој може да ја пренесе својата казна - едно тело што може да го постави меѓу себе и стаорците.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ѕурам бледо во неговото заруменето, растегнато лице, но тоа не му пречи да ја продолжи тирадата: - Таа беше типично мазохистички расположена особа, која сакаше да ми ги пренесе своите ставови.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Академиците од МАНУ се бркаат и тоа доста сериозно преку допирот на другиот да ја пренесат својата несреќа, шугата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Родителите им го пренесоа својот страв од улиците.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Зад тебе сè исчезна, дури и патеката по која ја пренесе својата суетност.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Нѐ уверуваше дека германскиот јазик е единствениот кој во потполност може да ги изрази највисоките вознеси на човековата мисла, ни ја пренесе својата љубов кон германската уметност, нѐ учеше да бидеме горди што, иако по крв Евреи, кои живеат на австриска почва, сепак ѝ припаѓаме на германската култура.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А сега, кога со години гледаше како германскиот дух се распаѓа и како по најважните плодови на тој дух газат самите Германци, тој постојано повторуваше, како да се обидуваше да се увери самиот себе, дека тоа е лудило што кратко ќе трае, а германскиот дух одново ќе блесне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сакаше вистински да им ја пренесе својата радост на водите, на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ама, за разлика од другите ќерки кои го добиваа огледалото од рацете на своите мајки, Мајка огледалото го доби мошне рано, од својот татко кој ѝ ја пренесе својата тајна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко, како секогаш, и овој пат, не сакаше да ѝ ја пренесе својата возбуда на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Јас, од своја страна, откако го испитав ова средство во практиката, можам да засведочам дека сосема неодамна, деновиве, благодарение на истото, ги разоткрив неисправностите во службата на началникот на полицијата и заради тоа, го отстранив од должноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Потоа, не е одвишно да се рече дека во пленувањето на женскиот пол, градоначалникот треба да ја бара осаменоста и воопшто да не ги пренесува своите дејности во гласност или во разговор.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)