Толевите двесте и педесет, и уште толку собрани од цело Мариово, му ги теслимија една вечер на секретарот на Толета — Шаќира и овој се преоблече во мариовски алишта и, со пушката под сакма, со пазарџиите отиде во Прилеп.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Бравос, бре Мариовци, — извикаа сите тројца и ги прибраа парите, а Крстета го одведе Бајракот кај Алимасковци да преденува, па вечер да го испратат назад во четата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Обидот на “ЕАМ преоблечен во псевдомакедонска облека, како СНОФ“ дал одредени ефекти.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Се преоблеков во турско облекло и дојдов во кафеаната да чујам какви планови кроите против рајата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
По челото му избија капки пот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Својот нов псевдоним главно го користи за време на своите книжевни настапи, дури преоблечен во жена тој врз себе ја навлекува измислената маска Rrose Selavy: „Rrose Selavy et moi esquirous les okno.mk | Margina #15-16 [1995] 21 ecchymoses des Esquimaux aix mots exquies.”
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Откако ја нахранив и преоблеков во чисто Ели ја пуштив да игра во дворот.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се смилостивил калуѓерот и го качил пет-пари-човечето на својата магарица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога на султанот му стасале на сто златни тепсии сто востанички глави добро заштитени со сол како подарок од пашата Лобуд и како крвав абер за најновата победа на Отоманијата, калуѓерот свечено го вовел улавиот во зафрлен манастир и со благослов го преоблекол во мантија, заедно да им служат на светците, да ги окопуваат лозјата и пченките и да ги пасат козите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тоа беше Горјан, преоблечен во селска облека.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
И ги оставив гостите а таа многу убаво ги пречека и ги нагости.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Веднаш потоа ја симнав униформата и се преоблеков во фустан и отидов кај родителите на Мане.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)