Братучедите ги препознаа куќите, портите, местата и сè повеќе се соживуваа не само со она што треба да им го донесе моментот туку и со сите доаѓања во селово од првиот до последниот пат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Прво не знаеше кај се наоѓа, но потем, речиси истовремено, ја препозна куќата и го препозна и Лумана.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)