Ги зел чеканите и отишол во една од многуте пештери на ридот да обработува воденички камења, поточно - пошол последен, неговите веќе ги клукале карпите со железни клунови и пиеле со стврднатите дробови прав на осакатени карпи што многу подоцна, под притисок на вода, ќе станат бучлив живот во воденица, но некој будник од дружината го прераскажал разговорот помеѓу Доце Срменков и Фиданка Кукникова - патот кон пештерите проаѓал крај нејзината куќа со еден прозорец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Што, на? Фиданка Кукникова има дваесет и седум години и ќе ги надживее и помладите во селото, Е, на! Но тебе, престаренику, на! Разбираш?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)