пресмета (гл.) - дека (сврз.)

Климент Камилски внимателно го слушаше: Не е тешко да се пресмета дека историските контакти на Балканците со турските племиња траеле повеќе од илјада години.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пресмета дека освен добронамерниот прекор на татко му, казната ќе биде никаква, а добивката - сигурна...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Набрзина пресмета дека неговото враќање од војска ќе се совпадне со враќањето на Рада, а можеби е веќе и вратена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во СССР Сталин, откако ја наследил врховната власт од Ленин, прецизно пресметал дека СССР доцни околу седумдесет години зад европскиот запад.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко ми пресмета дека зачетокот мора да се случи на 1 април и само на тој ден ѝ пријде на мама со предлог да зачнат дете.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Некој пресметал дека тој стих повторно може да се напише и искомбинира 1.022 пати, токму колку изнесувал бројот на тогаш познатите небески тела.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се пресмета дека во резервоарот би влегувале шеесет литри вода во минута, така што за помалку од една ноќ, резервоарот би бил наполнет, односно, дури и да се потроши акумулираното количество од седумдесет илјади литри, за околу дванаесет часа, тој пак би бил полн. Се разбира, се сметаше на еден просек.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Според датумот на некрологот пресмета дека поменот во црквата Свети Димитрија бил одржан пред скоро два месеца.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога ќе пресмета дека човекот и е грешка, ќе го повлече во своите бездни и ќе ослободи место за посилни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Парадоксот беше во тоа: тие, надвор од циркусот имаа сѐ, ја имаа целата планета, милиони и милиони квадратни километри; ние, во циркусот имавме круг со радиус од одвај дваесет метри, а сепак го имавме целиот свет (сум пресметал дека, според формулата πr2, тоа е само површина од 1256м2.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некои стручњаци пресметаа дека за пет илјади години од денес, вкупната тежина на населението ќе биде поголема од тежината на самата планета.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој секавично пресмета дека три од длабоките чинии од новиот сервис веќе се скршени.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не ми беше проблем да јадам на другата маса, па седнав, но само што го сторив тоа целото семејство повторно исчезна зад мистериозната врата и јас останав сам во кујничката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пресмета дека ако три дена сум на конференцијата, потоа можам да се качам на автобус и само за четири-пет часа пат да стигнам во гратчето каде што живеат тетка Олга и тетин Јован.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Набљудувајќи го поленот под микроскоп, пресмета дека во еден цвет од јаболко има околу сто илјади поленови зрнца; во цветот од божур, околу три милиони; во реса од леска, околу четири милиони; во реса од бреза околу шест милиони; а пак во ресите на брестовите и костените по неколку милијарди поленови зрнца.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)