Врз основа на изнесените докази, Основниот суд – Куманово, преку судијката-поединец (С. Манев), во октомври 2010, пресудува повторно во корист на работникот Б. Н. – по што нему треба да му се исплати сума од: а) 15.941 МКД како разлика на надомест за исхрана (за единаесетмесечниот период од април 2008 до февруари 2009); и б) 10.963 МКД како разлика на име додаток на плата за извршување полициски работи (за единаесетмесечниот период од октомври 2007 до август 2008).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Втората тужба за слична трудово-правна работа е упатена преку истиот адвокат – но, сега таа е по основ неисплатени надо- местоци за исхрана и зголемувања на плата по повеќе основи, согласно веќеспоменатиот Закон за полиција/06 и Одлуката на Уставниот суд за укинување на членови од Законот за Буџет за 2008 година.5 Вкупната вредност на овој спор е 26.904 МКД (440 ЕУР) зголемена за камати и трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)