1. Насетување на бескрајот
Кога ќе надојде плимата ко висок крвен притисок
ќе го намамат да продре во копното
ко во жедно грло, похотлив утерус
да се исцица, да испари, да потоне
ќе дотурат маја
да престаса, да прекисне, да претече
ќе го сведат на стогови солени зрнца
она кое било несводлив нескротлив
промискуитетен бескрај
маслото од макеницата истапкана од брановите
кревките ластери на лилјаните
белузлавите маркери
растворените минерали, миризливата пареа
флуидната пена, млечните заби
лижавчињата, ларвите, планктоните...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)