Како дополнителен заштитен механизам во иднина умесно би било да се воведе и одредена санкција (глоба) за работодавачот доколку не го запази овој и онака предолг временски рок; б) кај видовите на договор за вработување (на неопределено и определено време) најпрво дојде до дефинирање на поимите работник на определено време – „лице со договор за вработување склучен непосредно помеѓу работодавачот и работникот, каде што истекот на договорот за вработување е определен од објективни услови и тоа доаѓањето на одреден датум, завршување на одредена задача или појавата на одреден настан“ и работник на неопределено време – „лице со договор за вработување на неопределено време“ (чл. 2 од ЗИДЗРО/ септ.10), а се додаде и нов појаснувачки став дека оној договор за вработување во кој точно не е утврдено времето за кое е склучен истиот, ќе се смета за договор за вработување на неопределено време (чл. 7 од ЗИДЗРО/септ.10); в) со измените од јануари 2012 година се предвиде дека наместо дотогашната обврска на работодавачот да го чува договорот за вработување во работните простори каде што работи работникот, по ново тој тоа треба тоа да го стори во своето седиште (чл. 2 од ЗИДЗРО/јан.12); г) содржината на договорот за вработување претрпе три измени, една позитивна, а две на штета на работникот: 18 ● со измените од септември 2010 година во чл. 28 се додаде нов став кој предвиде обврска на работодавачот во договорот за вработување да мора да вметне одредби со кои ќе го информира работникот за ризикот кој го носат работните места, за посебните стручни квалификации и познавања, како и да го информира за ризиците кои согласно законските прописи би можеле да настанат на тоа работно место (чл. 10 од ЗИДЗРО/ септ.10); ● диспозитивната норма која им даваше можност за избор на „договорните страни“ да се повикаат на закони, колективни договори и акти на работодавачот при решавање на одделни прашања, доби нова формулација со обврзувачки карактер, односно сега при решавање на овие прашања двете страни треба да се повикаат на овие акти и договори, но само онаму „каде што е соодветно“!? (чл. 10 од ЗИДЗРО/септ.10); ● се воведе нов чл. 28-а кој ги регулира измените на договорот за вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Висината на средствата кои се одвојуваат од подсметката на Аген- цијата за вработување за создавање на посебни услови за вработување и работење на инвалидни лица, адаптација на работното место и набавка на опрема претрпе три измени преку измените и дополнувањата на ЗВИЛ.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
1 Тој дојде на местото на Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација од 1989 година, 2 а додека беше на сила претрпе три измени и дополнувања, во 2000, 2002 и 2004 година. 3 Во 2006 година беше донесен нов Закон за стечај, 4 кој до денес има претрпено две измени и дополнувања, во 2006 и 2007 година, 5 но тие не содржат промени во одредбите што се однесуваат на правата од работен однос.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во периодот кој е предмет на оваа трудово-правна анализа (2010-2014), овој закон претрпел три измени и дополнувања.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)