Значи, лесно е да се види зошто спортовите имаат демократска димензија и зошто требало да изгледа дека претставуваат облик на извонредност кон кој може да се стреми секој – облик на извонредност што му е отворен на обичниот маж и кој тој може да го цени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, барем отпрвин, сѐ што му треба е дарба, здравје и среќа – работи што не се резервирани само за повисоките класи, иако материјалните животни околности на повисоките класи поблагонаклонето му погодуваат на развојот на сите три предуслови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Операта, која налага сложена соработка меѓу пејачите, музичарите, текстописците, композиторите, сценографите, режисерите, кореографите и јазичните советници, изгледа како да е затворена, во поглед на својата публика и на исполнителите, за сите освен за припадниците на општествената елита.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не му требаат пари, врски, охрабрување од спортски ѕвезди, не му треба ни повластено културно потекло, иако, сигурно, сите тие работи се полезни, особено ако сака да се издигне во спортската професија или ако сака да стане олимпиец.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Национализмот претставува облик на војна, се сетив по којзнае кој пат на зборовите на Франсоа Митеран.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)