Можеме слободно да кажеме дека агресивноста на неолибералната политика, во Македонија во периодот 2010-2014 година претставува главен кулприт за контиунираната ерозија на работничките права, енормната класна раслоеност и намалениот животен стандард, кои се неопходен предуслов за остварување на што поголема „флексибилизација“ на трудот, што во пракса не е ништо друго освен еуфемизам кој означува дополнителна дерегулација на пазарот на трудот, намалување на вредноста на работникот во работниот процес, негова уште поголема експлоатација, обесправување и осиромашување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Ритуалот е прагматичен пред се, затоа што тој претставува главна операција за зачувувањето на “својот” (мој, на нашата заедница) космос, за негово управување и регулација, за негова контрола...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)