- Што работат тие? Сешто: едни, за да не седат со скрстени раце, поставале врз неговата куќа изделкани стебла за нов покрив, други ги премачкувале поцрнетите ѕидови со вар - безработни се, луѓе се, зошто да не сторат нешто од што и муцката на сонцето ќе блесне позлатно?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оние што имале по едно воле веќе се здружиле по двајца на запрега и веќе ги преуредиле колите ослободувајќи ги од одвишноста на сплетените ѕидови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)