Преку своите луѓе Организацијата разбра за Толевата работа и зеде решение да го прибере овој самоволен работник и да го исползува неговиот авторитет, бидејќи и времето веќе назреваше за масовна работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И во суровото Толево срце се разбуди нежност и тој не можеше да ја скрие пред благодарноста на младиот пратеник што дојде да го прибере овој суров човек и го впрегне во благородниот јарем за општото народно дело.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Идниот ден Толе наврати во селцето Лопатица и вечерта ги собра селаните да им понаговори да се вооружуваат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А и дружината го осети постигнатиот споразум, та и таа ги подели тие чувства.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)