Кога стана разговорот за женење, Толета го пријаде јасникот и почна да ги реди во умот сите девојчиња од селото и да нагаѓа која ли сака да му ја наметне бегот за да може после, како своја робинка, да ја прибере на кулата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Старецот, често, пред да се прибере на починок, во убавите денови знаеше да поседи на тоа трупче, да ги гледа ѕвездите и да влече чадови од своето луле.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа беше посестримата на Челебијата, Неда, тукашно девојче — од Рожден — кое овој христијански — италијански бег си го прибра на конакот да му се „најде“ како Адембег во Крушевица Катето, со таа разлика, што ова робинче Челебијата го удостои и со едно машко детенце, кое Ѓузепе го крсти Христаќи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Секоја вечер пред да се прибереме на спиење одевме на чешмата со сапунот, каладонот и четкицата за заби в раце, а големата крпа префрлена околу врат.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во црквата има фрески: Рождество на Богородица, Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, Успетие на Богородица, но од времето и незаштитеност фреските се многу оштетени“- заврши Теми, видно возбудена, со движење како да си ја трга бујната коса, а што ѝ беше прибрана на тилот и прицврстена со широк стегач.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)