И Татко ја убедуваше Мајка, смирено и сталожено, но чувствувајќи го нејзиниот внатрешен немир, дека наскоро ја привршуваат работата со Камилски и тогаш целосно ќе им се препушти на семејството и децата, макар што не сакаше да нагласува колку работата со неговиот пријател беше за доброто на децата и потомците. И така сите трпеливо го очекуваа крајот на мисијата...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
LVIII Климент Камилски ја напушти Татковата куќа со притаена радост, а секогаш кога ја завршуваше работата со Татко се чувствуваше повозвишен, позначаен, чекореше поцврсто по калдрмата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)