Секое зајдисонце, Мајката го испраќа со придушен плач, иако го претчувствува неговото раснење: детето-змија мора да си ја проверува силата, да ја совлада сопствената судбина: - во седната година, ќе му го препречи патот распашаниот Мечок.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Поначесто, ноќум Сликарот слушаше придушен плач и детски гласови кои доаѓаа од горните простории: „Ми се присторува“, си велеше, се утешуваше и продолжуваше, сиреч, секоја ноќ, секоја полноќ.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Дури по неколку часа до ушите на Јана стигна еден придушен плач.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Шепот место говор, придушен плач, по некој лелек како шилец под лажичка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)