И така во еден период при посетата на бродот Галеб во туниското пристаниште близу Ла Гулет, каде што беше пренесена статуата на Хабиб Бургиба на бел коњ, донесена од центарот на градот, по падот на бургибизмот, а некогаш донесена во Тунис токму со бродот Галеб, како дар од југословенскиот пријател Тито, станував и самиот дел на една процесија на мртвиот владетел, чија исчезната реалност, сакаше да се оживее, да продолжи во времето како нова илузија...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го пречекав бродот Галеб како Титов амбасадор, односно негов претставник, пред кого беше построена морнарската гарда и го примав рапортот на командантот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)