Можеме и овде сега да ја примениме истата шема со букви или со конкретни имиња.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Повеќето истражувања во психијатријата и психологијата кои се обидуваат да ги определат третманите за пациентите дијагностицирани со соматоформни пореметувања и психофизиолошки пореметувања, се обидуваат да ги применат истите приоди на лекување на овие соматски симптоми.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)