Затоа што е бодар, свеж, брз и секогаш подготвен.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Кај овој атипичен договор, кој се очекува да се применува за директорските функции кај работодавачот, зачудува оставената законска можност за поинакво регулирање на меѓусебните права и обврски, меѓу другото и во делот на плаќањето, што остава простор за неоправдано привилегирана позиција на менаџерите во однос на другите вработени во истото трговско друштво – како, на пример, преку делењето превисоки „бонуси“, дури и во услови на загуба и лошо менаџирање што, впрочем, беше случај и во високоразвиените западни земји за време на последната Светска економска криза (2008-2010).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работоводниот орган [менаџер], правата и обврските од работен однос, за времето додека е именуван, односно избран на таа должност, ги остварува кај работодавачот кај кого е именуван, односно избран – според одредбите на овој закон и друг закон, колективен договор и договорот за вработување (чл. 55, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Истото, што е речено за дебелината и скржавоста се применува за растот на градоначалникот. Вистинскиот раст е меѓу 6 и 8 лакти.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)