припаѓа (гл.) - мене (зам.)

Се обидував таму да ги пренесам нештата кои ми припаѓаат мене: сликовници, резерва омилени бонбони.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
„Куќава“, вели, погледнувајќи наоколу, „ми припаѓа мене. Со тестаментот на татка, јас сум стопан.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не ми припаѓа мене да судам за една издавачка политика.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нејзината смрт ми припаѓаше мене.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Верувајте, Господине, во изразот на моите најсрдечни чувства.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„Раката, таа веќе не ми припаѓа мене. Утринава се престори во нешто друго. Докторе, сакам да ми ја повратите!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Како што разговорот што го слушнав и светлината што ја гледав она попладне кога се откри неверството на Луција во џипот, во тоа сум убеден, не беа исечоци од мојот живот, туку од некој друг; тие, тоа попладне не ми припаѓаа мене, по истиот начин како што не ми припаѓаше ни телото на Луција онаа ноќ.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)