Палестинската власт, на чело со Махмуд Абас, наследникот на Арафат прогласи тридневна национална жалост на Махмуд Дарвиш, монументот на арапската поезија (според агенцијата Франс-прес), кому ќе му биде приреден во Рамалах, како на Јасер Арафат пред четири години, национален закоп.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во близината се наоѓа културен центар каде што Махмуд Дарвиш ги читал за последен пат своите стихови пред насобраните Палестинци кои не можеле да си претпостават дека го слушаат за последен пат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ги поздрави со желба да се видат на отворањето на изложбата што ќе ја приредат во центарот на општината од дела создадени во керамичката колонија и подарени на народот што прифатил уметниците да му бидат на гости.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)