Низ Тауерн, седнат во сопствената кола, само натоварен на железнички вагони, се возев десетина минути и пристигнав од другата страна на тунелот во едно од најубавите и најромантичните летувалишта на Австрија, во Бадгаштајн, кое низ историјата било прочуено и како место во кое Хабзбурзите се среќавале со своите метреси, далеку од Виенскиот дворец.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Вашето внимание, молам! Една вест штотуку пристигна од Малабарскиот фронт.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Возот денеска не пристигна од Цариград...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Марија душо - ѝ се обрати Клер на својата хиерархиски потчинета колешка - овде во фактурата пристигната од училиштата, цената на ужинките е значително покачена од минатиот месец.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Но, наместо само врз работодавецот, со новиот Закон, е предвидено со ваква казна паралелно да се казни и одговорното лице кај работодавецот (чл. 227, ЗИ/05) – што, пак, се очекува да даде поочигледни резултати при ефективното спроведување на судските одлуки во сила, знаејќи дека тоа лице ќе биде и лично погодено со оваа негативна санкција, доколку на дело не ја спроведе судската пресуда која е во корист на работникот. 3) тенденциозно бришење на цел еден појаснувачки член, којшто го регулираше надомест на плата во случај на враќање на работникот: имено, во новиот ЗИ (2005) целосно е испуштен чл. 226 од стариот ЗИП (1997), којшто предвидуваше дека работник, кој поднел предлог да биде вратен на работа во правно лице, може да предложи судот да донесе решение со кое се определува дека правното лице е должно да му ги исплати, на име плата, месечните износи пристигнати од правосилноста на пресудата – додека не биде повторно вратен на работа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
„Разговаравме со него надолго и нашироко“, објаснува Иван Степанович а со оние свои црнки, поситни и од најмалите бубалки, лази по собата, бара стол на кој ќе го спушти малото тркалезно тело.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Свратил, како што рече, онака, случајно, на минување при враќањето од средбата со некој нивен Сергеј, образован и умен кој специјално и со задача пристигнал од Скопје.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кренат гори в лесни танци - занишан рог - реска страст; милозлив во меки ланци вилнее со пребрз раст злат заводлив јасни краци до невратна злокоб- сласт распенет во горки зраци нечитливи строи знаци сводот слеп од таа власт. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 140
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Пристигнат од Исток цвет или бран во трепет сет; на ветрови нежни сплет - прилика во тивок лет - кон спирален плови тек зрак зад брегот модро мек ненадеен од недоглед сам се влева в суден след: ред сред буден непреглед.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Престорен во палка сега беспрекорна прелест-сјај, лач златоклун велја спрега славно спушта в сонеж-бај.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)