Судијката (Х. Мешкова) го прифати предлогот и на истото рочиште донесе таква пресуда со којашто, нормално, го усвои тужбеното барање на Љ.Н. и го задолжи тужениот работодавач – во рок од осум дена од приемот на пресудата – да му ја исплати вкупната сума за осумте заостаната плати во висина од 46.327 МКД (750 ЕУР), зголемена за законската казнена камата која течеше до денот на исплатата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако судот го прифати предлогот за одлагање на рочиштето – новото рочиште ќе се одржи најдоцна во рок од 45 дена од денот кога било одложено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поради тоа што, во меѓувреме, придонесите кон ФПИОМ беа исплатени, адвокатот го повлече овој дел од тужбеното барање – по што полномошникот на „Охис“, кој не го оспори побарувањето ниту по основ, ниту по висина, а заради економичноста и целисходноста на постапката, предложи да се донесе пресуда врз основа на признание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога странката со поднесок побарала одлагање на рочиштето, е должна да се информира во судот дали барањето е прифатено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Послушното момче веднаш го прифати предлогот или задачата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
За големо чудо Љупчо го прифати предлогот, велејќи дека и тој сакаше истото да ни го предложи.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Го прифати предлогот од Миша да биде занаетчија — качар, бочвар, самарџија и се што сакаш, само, се разбира, на збор.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Значит, петстотини ако дадат ќе оставиме да носат главите до кајмакамот, ако не нека одат кај Петре нивни, — беше последниот збор на бегот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас му служа на селото кај Турците, ќе му служа и кај Организациата, ама едно да знајте: Кај Турците ве брана колку шо можа, со јадење, со пиење, со придавачки, рушвети, со маривети и лаги, само и само да не паднете во беља.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ако не дадат, жими вера, пак ќе врзиме ортомите каде вчера и вистински ќе обесиме, — го прифати предлогот и јузбашијата, кој му се виде некако несправедлив; бегот да земе триста а тој двесте лири, но од друга страна и редот си е таков.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Нека си бидат пак тиа! — се прифати предлогот попов од многу души.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На 10 јуни 1993 македонската влада го прифати предлогот на владата на САД да испрати контигент од околу 300 американски војници во рамките на составот на мировните сили во Македонија, каде веќе беа распоредени 700 нордијски војници.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 12 јули 1993 во Скопје пристигна првата група од 260 американски војници која е придодадена на постојните сили на УНПРОФОР за Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Помислувајќи на својата мајка, па на Ататурк и на средбата со него, тој чувствуваше дека, со откривањето на битолските сиџили, им се оддолжил на обајцата, со своето враќање од Цариград, откако не го прифати предлогот на создавачот на нова Турција да ја продолжи својата судиска кариера во Цариград и откако на мајка си никогаш не ѝ ја откри причината зошто го напуштил градот на Босфор засекогаш, во времето кога таа веруваше дека ќе ѝ се оствари сонот за неговото заминување...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ако го прифати предлогот на Геро - го очекуваше нешто непознато, несетена неизвесност, а можеби и непријатна авантура, тешкотии со несовладана, а може би и несовладлива работа, принудно дружење со непознати и далечни луѓе, макар и врсници.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Всушност, менувајќи ги страните тој ги одмеруваше доказите и предностите дали да оди или да остане, дали да го прифати предлогот на Геро или да остане дома со мајка си.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
-Старче, да се напиеме од водата! – рече, чекајќи дали тој ќе го прифати предлогот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Али Фети Окјар се надеваше дека внукот ќе го прифати предлогот на Ататурк и дека набргу со својата мајка од родот на Фетиевци и со својот татко, припадник на Старовите албански бегови од Поградец, со братот и сестрите ќе се најдат во Цариград со нова среќна, бериќетна и ветена судбина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Можеше да изнајде безброј други аргументи за да не го прифати предлогот на Климент Камилски да им објават војна на опасните османски зборови во нивните балкански јазици, во која не знаеше однапред дали ќе бидат победници или поразени.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Чана со радост го прифати предлогот на Роса.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се разбира дека го прифати предлогот, иако, по неколкуте сторени чекори се почувствува повреден.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ж: Тогаш му предложив да ја чуеме на неговиот нов грамофон, и тој со задоволство го прифати предлогот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Го прифатив предлогот за филмот Титаник, а бидејќи мојот договор со Селзник важеше дури од април 1939-та, можев да го снимам мојот последен англиски филм Кафеаната Јамајка. Кафеаната Јамајка (Jamaica Inn), 1939 г.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
И така, тој ја стави плочата и го вклучи грамофонот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тие сметале дека во случај ако таа информација да излезе во јавноста би имале големи проблеми во објаснувањето пред Југословенската и Грчката влада за британската акција за "употребата на Македонците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Експертите биле многу јасни кога констатирале дека ако го прифатат предлогот на Рендел, тие не би можеле да се сигурни дали „поткупените Македонци би апстинирале да не работат против југословенските и грчките власти, кои се нивни природни непријатели, и дали би работеле против Германците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Малку ми се чинеше без врска повторно да ги ставам неговите родители на трошок, меѓутоа сфатив дека се работи за нешто важно и затоа го прифатив предлогот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)