Врската била симболична, но и реална.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се разбира дека не може да има поголемо проклетство отколку животот на непреодната граница, ја прифати Татко мислата на Камилски но на Балканот, уште пред падот на Османската Империја, била распространета мислата за трагичната филозофија на курбанот, односно на жртвата, која насекаде на Полуостровот и надвор од него прераснува во култ. Некои говорат и за Балкан-Курбан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Превртувањето на казанот, прифати Татко и одбивањето на баклавата биле знаци за буната на јаничарите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Моите книги се и твои! прифати Татко. Тоа важи и за тебе! Моите книги се и твои.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Чанга не можеше да одреди каде цели татко, замислено трагајќи по директната врска помеѓу козите и балканските јаничари, па рече, повеќе за себе: – И во сите тешки времиња на Балканот козите секогаш биле со луѓето? – Да – прифати татко ми – козите биле со луѓето во сите тешки времиња на Балканот, пошироко во земјите на Средоземното Море, на Балканот и Далечниот Исток.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
– Тешки, тешки времиња – прифати татко ми. – Но на Балканот речиси и немало подолготрајни добри времиња.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние нестрпливо го очекувавме мигот да се поведе разговор за Чанга и козите. – Чанга се врати – прифати татко ми – но проблемот со козите останува.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Што можело тоа да биде?– прифати возбудено Чанга и додаде: – Да цркне комшијата па да му се земе козата! – Може да се рече! – прифати татко ми.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Патот на јагулите..., - прифати татко, - ах патот на пустата надеж на враќањето…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Добро сторивте. Само повелете, влезете! - прифати Татко.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Добра вечер комши! - му се обрати прва Воскресија. - Добра вечер! - прифати Татко...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)