По залезите, по последната дневна тага искажана со писок на бездомна животинка што се засолнувала меѓу лисја на гранки пред рано измитарена лисица, месечината, скаменет цвет над камен, никнувала од темниот раб на многугрблестите ридишта, поточно од самиот крај на светот: жугнувајќи од невидлива фиданка кон спокојството на височините, кон тајните на сите човечки надежи, побелувала и станувала спрложена, била лик на потаен покосник со нејасна, размачкана насмевка и изгледала дека претскажува нови неволи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
КОТЕ: Каде седевме до сега, ќе причекаме додека се врати Панде.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Причека додека изминаа девојчињата и оние чие што место не е меѓу нас.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
По дружината со стемнувањето се влечел стар и осамен волк што претпазливо чиниш проценувал дали да ѝ се придружи на глутницата двоколки или да причека додека таа не остави на својот пат крвав залак до кој се доаѓа без опасност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во однос на ова барање одговорот пристигнал на 2 декември 1944 година со кој Тито барал акцијата за воспоставување на трговски врски да причека додека во Македнија не пристигне Андрија Хебранг, повереник за трговија, за да се договорат за следните чекори што требало да ги преземат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)