За тебе тоа беше ноќ што ќе те прогонува во соништата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Буквално болен од љубов, стенкајќи одвнатре со секое нишање на возот и загрижен дека засекогаш сум оштетен, ѕиркав надвор во жолто-осветлените станици каде осамени мажи стоеја пред огромни реклами, слики на раскошни манекенки изобличени со графити - истите стари навреди и повици; ДА ТЕ ЕБАМ, ПУШИ МИ ГО.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И таа забранета јаболка што ја отру душата И прогонети во времето што нѐ остави сами - Амин.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
7.1 Сега сум прогонет во себе И тоа е последното прогонство Што ќе го доживеам Како жива смрт Што може да се гледа И да се раскажува Како умеење што разнесува Годишни времиња Црвени ветрови Морници Надојдени води Глуварки Бели кашлици Самувања.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Затоа, мораме да го отфрлиме позитивизмот којшто стекнува „сигурност” така што успешно го прикрива она што е и она што не е, така што го униформира светот, го преобразува она што е стварно дадено, во заграбено, а потоа го зема тоа како дадено, така што светот го лишува од битија, а светот на битијата го прогонува во земјата на сенките на субјективни „вредности”. okno.mk | Margina #22 [1995] 31
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во овој доцен час изгледаше како светот да им е предаден на мажи кои се без жена, мажи кои со понизна трпеливост чекаат нешто неодредено како што јас ги исчекував нашите средби.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
А кога во ноќта како пред огледало минатото се слее во иднината беспоштедно ме прогонат во мракот двете будни очи на вистината.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)