Ја сонував: со темни очила, во рацете држи прекрасна, златна статуетка на Буда и сака да ја продаде за ситни пари.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Вие не сакавте ни збор да чуете од мене И сите туѓи раце оставени врз моето тело. Им ги поверивте на своите остри коси. И ги продадовте за една обична дневница.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Имаше кажувања дека кутрите француски кози биле разделени од сестринското стадо, продадени за скапи пари на други козји ентузијасти. Вистинска балканска козја мафија!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Не беше вистинско кафе, беше направено од некои бобинки што растеа на лединките над градот и се продаваше за паричка по филџан, колку да им ги згрее утробите.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)