Во ходникот ме пречека докторот. Се ми беше јасно! Го проколнав денот кога ја донесов.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)