Сливите, крушите, кајсиите, ѕенѕерите во даскаловата градина се променија во бело, јаболката и праските во црвено, а на сето тоа — лилјакот го покри целиот осој со своите антерии.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тие се ослободуваат од белиот свој покривач и се променуваат во зелената ергенска долама.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа е најбројната категорија во земјава која спие до 12 и чекајќи да им падне работа од Господа го чекаат своето подобро утре без ништо да променат во својот живот, а потајно надевајќи се дека курајберите и ебиветерите некогаш ќе се смилуваат и ќе им го променат нивното статус кво.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ништо не се промени во неговиот глас или однесување, ниту во содржината на она што го кажуваше, но имињата одненадеж беа различни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Гласот на Голдштајн се претвори во вистинско блеење на овца, и за миг и лицето се промени во лице на овца.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Настојуваше работите да ги промени во своја корист.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
• Негација е еден од наједноставните. „Ова се случува“ е променето во: „Ова не се случува“; или „Јас сум љубоморен“ се менува во: „Јас не сум љубоморен“.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Митра живна, се промени во лицето, одеднаш ѝ стана меко и топло.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И продолжува Чедо Пелагијо, утре е недела, ќе се промениме во нови пљачки, ќе ја фатиме Пеличка за рачињата и ќе појдеме до цркавата Света Богородица отаде Вардар!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ќе се чуе, ќе чуеме, ама не сега, туку кога планините ќе се променат во зелени фустани! додава Пелагија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Најпосле се облекол харно, се променил во хубаи рутишча, и се сторил како хеким, та поминал крај царскиот сарај и викал: „Хеким, хеким!“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Си го учил детето да зборуа и го променил во најубаи алишта; му клал на глаа една подлабока шапка за да му се покрива ѕвездата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Царот го дарвал многу и многу го заљубил, зашчо до тога никој хеким не можел да му ја излеквит ќерка му, а тој, шчотуку еднош ја измил со водата, оздраила.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ватило детето да се распознаа со деца и да се поигруа, како што си играле сите деца од комшиите.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Домот се промени во димензијата но не го изгуби својот магнетизам...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)