пронајде (гл.) - себеси (зам.)

И навистина: подоцна, под тој шатор, во тој совршен круг, јас го најдов својот душевен мир; го пронајдов центарот на светот, се пронајдов себеси во тој центар, израснав како маж.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако си се пронашол себеси у ликот на Форест Гамп, тоа значи дека си спремен да идеш пешки по канадскиот брег со темпо од 20 километри на ден.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
А не сфаќа дека за да го пронајде она што го бара првин треба да се пронајде себеси“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога со денови и со недели не успеваше да ја пронајде во себеси музиката, а беше исполнет само со тишината на празнината, помисли дека единствен начин да се пронајде себеси е да се побара на некое друго место.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)