Едниот играч бара од другиот да пронајде збор име на град, на река, на држава или царство накратко, некој збор што се наоѓа на шарената и замрсена површина од картата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се молчеше насекаде за сѐ што беше поврзано со тој тукушто пронајден збор “сексуалност” – се молчеше во училиштата, црквите и синагогите, се молчеше дома, во салоните и на плоштадите, молчеа весниците и книгите; а како покривање на тој збор служеа и алиштата кои криеја сѐ од прстите на нозете до вратот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од раѓањето па до венчавката девојките најчесто беа чувани во потполно незнаење за сексуалноста и можеа само нејасно да ги насетуваат нештата; од дома излегуваа само во придружба на мајките или на некој од повозрасните роднини; од нив се криеше секоја претстава за интимните делови на машкото тело и секоја претстава за интимниот однос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)