пронајде (гл.) - начин (имн.)

Затоа кога го доведе под сомнение постоењето на ноќта на славеите пронајдов начин да ѝ напоменам дека веќе ништо не може да ме изненади.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој работи многу за да пронајде начин кој ќе му обезбеди предност во ситуации на живот или смрт.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Инаку Рајна воопшто не беше навредена од грубото однесување на Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не беше способен да размислува, а чувствуваше дека е должен на некој начин да пронајде лек за својата загриженост, за својот страв, да пронајде начин да се одржи во оваа дивина, во оваа осаменост, да го зачува и добитокот и колибата, и се убедуваше дека постои некое решение, убеден беше дека постои. Само какво?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Недостасувало уште само да ѝ предочи па дури и да ѝ предложи еден вид договор или соработка во тоа вразумување на Генералот, бидејќи сепак е подобро тие двете разумно да ја поделат меѓу себе неговата љубов и да пронајдат начин како да ја спречат дарежливоста што Генералот ја растурал, како што рекла Рајна, на сите страни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа те подучив да пронајдеш начин како да ја ослабиш сомничавоста, што сите ние ја носиме во себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сфатив дека ако успеам да ги дефинирам целосно, тоа ќе биде исто што и да сум пронашол начин не само за нивното откривање и утврдување, туку можеби и оневозможување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)